30.11.08

ПЕП ЈА ЗАЈАКНА ДИСЦИПЛИНАТА, БАРСА ЈА ЗГОЛЕМИ ПРЕДНОСТА...


Веројатно и ова доволно после прошетката низ Андалузија. Сепак се тоа два многу различни системи за споредба. Дури и самиот систем 4-3-3 што се игра веќе со децении во Барселона е комплетно на друга база од оние кои многу често ги гледаме во дел од останатите клубови низ Европа. Она што го прави Пеп во последните скоро два месеци, очигледно дека има големи резултати. Прво го смени тренингот, па пристапот кон задачите и одговорноста во формацијата, па на крај го смени и односот кон натпреварите. Тоа најдобро се почувствува на гостувањето во Лисабон, каде екипата за првпат, прво го промени времето на тренингот, го откажа оној задолжителен ден претходно во време на одигрување на натпреварот, им забрани да го напуштаат хотелот, така што португалците беа првите кои не ја видоа екипата на Барса низ „прошетки„ како што досега беше стандард, заедно, не само на тренинг, туку во секоја минута. Пеп наметна дисциплина каква досега сите бараа само на терен, тој и во останатите 22 часа од денот... Очигледно тоа се забележува и во играта. А го осети и Севиља... Ова е веќе доволно за следните два чекора пред најважниот дуел во сезоната... 13 декември, Камп Ноу....

П.С.
(неколку интересни факти)
...штета што Ето`о нема да игра против Валенсија, поради жолтиот картон кој го доби вечерва, ама ќе биде сигурно стимулативно за викендот после Валенсија... :-)
... пред 109 години, на 29 ноември 1899 година, младата фудбалска екипа, составена од 12 фудбалери, под водство на Гампер ја започна најголемата фудбалска приказна под името спортски фудбалски клуб Барселона...со трите гола вечерва, честа кон овој голем ден е неслучајна...
... Барса само ја потврди моменталната ситуација во Ла Лига, ја има најдобрата одбрана и најдобриот напад... и статистички...
... двата гола кои ги постигна Меси ги посветува на сестра му Марисол, која штотуку наполни 15 години


TOTAL CASA FUERA
PT PJ PG PE PP GF GC PT PJ PG PE PP GF GC PT PJ PG PE PP GF GC
1 Barcelona
0
0
2 R. Madrid
0
3 Villarreal
0
4 Valencia
0
0

ОД ФУДБАЛЕРИ ВО КРАЛСКА КОЧИЈА, ОСТАНА САМО КОЧИЈАТА . . . ФУДБАЛЕРИТЕ ПАДНАА!

И сега?
Треба ли коментар?
Веројатно, не ...но, сепак имам предизвик да пишувам, од проста причина што сепак беше еден убав, висококвалитетен натпревар од кој може да се научат многу работи, и во нападот, и во одбраната, а најмногу во варијациите на нападот. Како ромб 4-4-2 се трансформира во 4-3-3 и 4-2-4 со остварување „човек - повеќе„. Нешто што не се гледа секојдневно кога се игра против големи екипи, како што е Реал. Најчесто тоа тие го играат, а не нивните противници, сем ако станува збор за противник кој е во негов ранг. (бидејќи за такви трансформации потребни се исклучително брз среден ред, агресивен и снажен, кој има огромна одговорност и во одбраната, а сличните правила да важат и за уште побрзиот напад).
Хетафе, сепак не е тој ранг, но ете... дисциплинирано и против вака ослабен Реал, очигледно се може.
Одбраната на Реал пред се, не можеше да одговори на примарните задачи, а воопшто и да не зборувам дека во улогата на напад беше исфрустрирана и некоординаирана. Средниот ред како и да не постоеше, што пак повлече нападот и ударната сила и да не ја видиме. Раул играше на неприродна позиција, ама веројатно тоа и мораше да се случи, кога Дренте беше комплетно индиспониран, а Савиола како сеушпте да не му се верува дека конечно и тој игра цели 90 минути (благодарение на сите повредени, а штета беше добар потенцијал, на времето). Ван дер Ваарт се чекаше, ама очигледно ќе треба малку повеќе време. Неверојатно во дебаланс и Серхио Рамос. А за Касиљас, очигледно вчера Шустер на пресот беше во право. Касиљас е далеку од оној лани.
Хетафе одличен.
Додека Реал пробуваше директно низ средина да ја повлече играта од задната линија преку средниот ред кој не постоеше, токму тука во најзбиена формација со четворка во ромб, појачани со Диаз и Марио одзади, па дури и Лихт од левата страна, Хетафе ја „дотепа„ таа средна линија на „кралевите„ (повеќе изгледаа вечерва на било што сем не на кралеви).
Ова беше класичен пример, на стандардна ромб 4-4-2 формација која ја има најчесто таа улога од 4-4-2 да се претвора во контра со 4-3-3 и во најмала рака, со брз трк да излезе пред Касиљас дури и со 4 во напад и секогаш фудбалер повеќе.
Само сеуште не ми е јасно, како Шустер ладно ја следеше трансформацијата на Хетафе во секој следен напад и не реагираше. Веројатно и нема со кого и нема како. Во секој случај, само едно е оправдување за Реал, а тоа е „болницата„ кој ја имаат на Сантјаго Бернабеу. Не е лесно, повеќе е од очигледно...

ПОЧЕТОК НА НОВАТА АВАНТУРА...

Со големо задоволство од денес можам да ја најавам турата која „Топки+„ ја стартува од 13 декември, сабота... Тоа ќе биде новото патешествие, кое секоја година за време на новогодишните и божиќните празници „ТОПКИ +„ го подготвува и презентира за гледачите на Канал 5. Овојпат само ќе го претставам распоредот на патувањето, а темата на документарниот филм „ГОЧЕ 19/24„ , како и останатите секвенци од прилозите и интервјуата кои ќе се емитуваат во „ТОПКИ +„ дополнително ќе бидат најавени во наредните епизоди, секоја сабота во 12.30 на Канал 5.

16 (вторник)Барселона - Ла Масиа и младите категории

17 (среда)Средба со Кркиќ, Чави, Пујол, Ето и Меси

18 (четврток)Рим - Рома и Лацио, навивачки групи

19 (петок)Рим(на тренинг со Лацио)

20 (сабота)Рим(„ГОЧЕ 19/24„ и Лацио-Палермо)

21 (недела)Неапол и Бари (Св.Павле и Св. Никола)



п.с.

... А вие секоја сабота во 12.30 преку емисијата, може да добиете еден од нашите подароци, дресови со потписи на големите фудбалски ѕвезди, специјално направени за Топки +...

20.11.08

МАКЕДОНИЈА ГО ИЗИГРА ПРИЈАТЕЛСКИОТ НАТПРЕВАР ПРОТИВ ЦРНА ГОРА




ТАПА!





П.С.
...и досадно е веќе да се коментираат овие застарени формации кои ги поставува и игра Катанец!
Очигледно, и повеќе од јасно е колку него всушност го интересира фудбалот како иновација и прогрес и колку воопшто го следи светскиот фудбал (подалеку од тоа што му обврска за плата)... а уште пострашно е што сите гледаат и ќутат...

17.11.08

ПЕП СО 300/h, ДОДЕКА ШУСТЕР УШТЕ ВО „ПРВА„...

Додека лабораторијата на Пеп работи совршено и ја реализира стратегијата која ја постави уште на почетокот на сезоната (со сосем мали измени), во кралскиот клуб-шампионот (кој очигледно дека тешко ќе ја одбрани титулата) работите не одат на добро. Дали последното видео кое утринава беше објавено од највлијателниот каталонски спортски медиум, значи дека Шустер пополека ја губи довербата и меѓу фудбалерите. Од Касиљас таа поддршка очигледно веќе ја нема. Видеото е снимено веднаш по завршување на натпреварот против Ваљадолид (кој Барса го доби со 6:0, а Реал го загуби 1:0)

БЕДНО... А НЕКОГАШ, НАЈГОЛЕМО МАКЕДОНСКО ДЕРБИ

Одамна не сум гледал македонски фудбал на ТВ, па одлучив да го изгледам дербито Пелистер - Вардар, некогаш најголемото македонско дерби, а денес...

Очигледно дека се беше толку бедно што можеби и не треба ни да се коментира... но, во неколку кратки црти ќе се обидам, размислувајќи да пишувам и поставам неколку прашања, за сите нас:

- Дали ќе му текне на некој дека битолскиот „стадион„ мора веќе еднаш да заличи на стадион, а не со тие камења „божем ограда„ кој повеќе личи како да се игра на некое археолошко наоѓалиште ?

- До кога ФФМ (одговорните во тој сектор) ќе ги тргаат транспарентите со навредливи содржини, само на Градски? Или никаде на друго место во државава, „немаат м...„ не да преземат таква акција, туку дури ни да помислат на такво нешто?

- Дали навивачките групи ќе почнат да размислуваат со своја глава, без copy-paste, и константно со години повторување на истото...тоа-па тоа... ???

- Дали и А1 се вклопува во цела таа фудбалска беда (станува збор само за преносите од мак-фудбал), па не успеа ни кадар да фати од првиот црвен картон, во директен пренос? Среќа што вториот се случи баш пред централната камера. А да не зборувам за офсајд ситуацијата на голот кој го постигна Пелистер, која очигледно може да се забележи само ако малку размисли реализаторот каде треба да има барем две камери... И покрај се, без навреди, ама навистина не можам да го разберам говорот на коментаторот од типот на „...има многу битка...„ или „...има голем притисок„ или „...внесе свежина во тимот...„ (!?) итн... Или е во некој шаблон, па не се слуша што зборува, или на некој монитор му пуштаа веројатно некоја снимка од натпревар на Премиер лигата ... ќе остане нејасно !? ... алоооо, гледачите не се слепи да проценат каде се игра фудбал, а каде се случува нешто налик на фудбал... најверојатно е она што го кажав на почетокот, дека и А1 се вклопи во целиот тој беден фудбалски амбиент...

- Дали ќе се почитуваа стандардите на УЕФА И ФИФА за тоа со каква топка треба да се игра? ...или кај нас може да се игра и со топка стара 8, а можеби и 10 години... ??? ..топки кој дури ни ние рекреативно на мал фудбал веќе не ги користиме... по стандардите беше само дисплејот на четвртиот судија со кој покажува измени и време на продолжување...

И на крај само ќе напоменам дека ми е жал само за една работа. А тоа е учеството на Милко Ѓуровски во цела таа фудбалска лакрдија. Тој беше и ќе остане (барем за мене) еден од најдобрите фудбалери што Македонија ги имала, на сите времиња. Фудбалер со експлозивна брзина, феноменално - прецизен шут, а да не зборувам за техника и слободни удари, кои и ден-денес најголемиот број од македонските фудбалери ниту ја познаваат а ниту ја имаат. Милко не заслужува да биде дел од ова македонско бедно издание на некогаш најголемото дерби.

5.11.08

ФАКТ... ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ, БЕЗ ВЕЧЕРАШНИОТ НАТПРЕВАР...


Немам намера да преземам текстови, но последниот во највлијателниот каталонски спортски дневник, го привлече моето внимание. Вам ќе ви ја презентирам само фотографијата, која нема потреба да се коментира. Едноставно, тоа е тоа, факти... без оглед дали некој се сложува или не, дали му се допаѓа или не...

4.11.08

ПЕП ЧЕКОРИ КОН РИМ, ПРЕКУ МАДРИД

Конечно, европските табели ја добија формата која не е изненадување, воедно е очекување после долго време од сите фанови токму на клубовите кои со години ги посакуваат овие резултати, а верувам вака би сакале да биде и изгледот и на крајот од оваа сезона.

Барселона конечно на врвот во Ла Лига. Милан, целосно заслужено го запоседна Калчо-то. Челзи и Ливерпул истото во Премиер. Лион сигурно, како и секоја година, скоро и без изненадување.

Она што мене посебно ме радува е враќањето на Барселона.


Пеп докажува дека е вистинскиот човек. Многупати досега пишував а и зборував во документарниот филм „INSIDE BARCELONA„, кој за потребите на ТОПКИ го направив минатата сезона на најголемото европско дерби (на Камп Ноу) дека уште од младите категории, па се до почетокот на јуни, само се чекаше неговото пристигнување. Пеп, влезе и се надевам дека долго ќе остане. Најголемата поддршка од „сосиото„ на Барса, ја има токму и поради внесувањето на сите потенцијали од младиот погон на Блауграна.

Тоа е верба дека Барса создава одлична клупа, која ќе биде многу важна од април натаму, па се до финалето во Рим, а и нормално, за конечно и повторно преземање на титулата од Мадрид.


29.10.08

НОЌТА „ВО ОЧИ„ НА 48-ОТ РОДЕНДЕН!


Уште утринава сите аргентински медиуми ја објавија оваа вест:

МАРАДОНА Е НОВИОТ СЕЛЕКТОР
НА АРГЕНТИНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА!!!!!

Ова е тандемот што ќе ја води аргентинската репрезентација во понатамошниот дел од квалификациите. Диего Армандо Марадона како селектор и Карлос Биљардо како директор на репрезентацијата.
Како фудбалер „D10S„ покажа дека е најдобар, а како селектор поделени се ставовите за неговиот успех. Уште веднаш сите спортски медиуми започнаа со анализите, колку е тоа добро и колку е лошо за аргентинската репрезентација.
Јас воопшто нема да коментирам, сем ќе посакам Аргентина да се врати на местото на кое заслужува, освојување на Светскиот Шампионат во 2010, и тоа токму со Марадона и Биљардо!

П.С.

Можам само да претпоставам колкава ќе биде поддршката која Меси ќе ја добие вистински и директно од Марадона, без разлика што за некој е толку контроверзен, што сметаат дека не е за оваа позиција. Марадона како вистински и најголем мотиватор во фудбалскиот свет, кој после секој натпревар на репрезентацијата се симнува во соблекувалната и (после секоја голема победа) и ја започнува „Vamos, vamos Argentina...„, може да биде единствениот и вистинскиот учител во дополнување на волшепствата на малиот гениј, Лео.
Да не потсетувам дека еден од најголемите миленици му беше Хуан Роман Рикелме, дека Агуеро му е веќе иден зет, а Меси му бил секогаш слаба точка. Е сега ќе има проблеми со се што е „под водство„ на Пасарела, а тоа значи дека тука ќе бидат најголем дел на неговите противници, но мислам дека тоа нема многу да влијае на играта на репрезентацијата.

25.10.08

КОЈ ЈА ИМА НАЈСИЛНАТА КАНТЕРА ВО СВЕТОТ?


Дали треба коментар за оваа фотографија?
Ова е најскапиот фудбалски погон од сопствената „кантера“ во фудбалскиот свет. Во моментов пазарната вредност му изнесува 220 милиони евра. Нормално дека цената ќе биде троструко или многу повеќе крената за 2-3 години кога ќе почнат договрите да им е приближуваат до слободниот пазар. Кон нив воопшто и да не ги додавам Пујол, Валдес и сите останати кои сега почнуваат да играат во првиот состав а чекаат на првиот професионале договор....

9.10.08

ВО ЈУЖНА АМЕРИКА ВЕЌЕ СЕ ПРЕПОЗНАВААТ ФАВОРИТИТЕ

(извадок од радио емисијата „Мојот Став„ на спортското радио Канал 4)

Јужноамериканската квалификациска група само како потсетување има обезбедено 4 места кои директно ќе водат на Светското првенство во Јужна Африка. Петото место ќе треба да се избори во дополнителен бараж натпревар со четвртиот од Карипската група во која се и Северна и Средна Америка.

Во моментов табелата е интересна и доста атрактивна.

После 8 натпревари прв е Парагвај, со четири бода пред Бразил, Аргентина и Чиле. А пак веднаш зад нив, со заостанување од само еден бод е Уругвај.

Колумбија е со десет бода и потоа следуваат репрезентациите кои и според квалитетот оваа сезона, тешко дека ќе успеат да се изборат за едно од петте места. Тоа се Еквадор, Венецуела, Перу и Боливија.

Од тие причини овој продолжен викенд квалификациски натпревари во Јужна Америка ќе биде екстра интересен и атрактивен. Во неколку натпревари има директна пресметка меќу фаворитите. Аргентина во сабота во Буенос Аирес ќе ја пречека репрезентацијата на Уругвај, која пак е директен конкурент за да и ја загрози позицијата. А веднаш потоа, за само три дена гостува на стадионот на Коло Коло во Сантјаго де Чиле.

Алфио Базиле , за овие два натпревари кои се можеби и од големо значење во средишниов дел од квалификациите повика , верувале или не 17 фудбалери надвор од Аргентина и само 6 од домашното првенство.

Земјата која може слободно да се каже дека во моментов игра еден прекрасен и на некој начин најатрактивен фудбал, на репрезентативно ниво, очигледно дека оние на кои во моментов може да се потпре се токму оние кои ние ги гледаме во Европа, па дури и во европските купови.

На пример, има и такви како Хуан Пабло Карисо, првиот голман на Лацио кој не настапува во ниту еден европски куп, но сепак во моментов може да се каже дека е во одлична форма. Токму тој веројатно ќе биде и прв голман на аргентинската репрезентација и во овие два натпревари.

На листата на повиканите од Коко Базиле се и: Хавиер Занети, Естебан Камбијасо и Николас Бурдисо од Интер, Монсон од Бетис, Де Микелис од Баерн Минхен, Габриел Иван Хајнце од Реал Мадрид, Диаз од Хетафе, Колочини од Њукасл, Забаљета од Манчестер Сити, Хавиер Маскерано од Ливерпул, Диего Милито од Џенова, Карлито - Тевез од Манчестер Јунајтед, Ди Марија од Бенфика, Серхио Агуеро од Атлетико Мадрид и Лео Меси од Барселона. Кон нив и шестемина од националното аргентинско првенство меѓу кои се Рикелме и Ледесма.

Ова го споменав како дополнување на вчерашниот пример, за тоа колку е сепак физички напор за сите овие фудбалери, кои веднаш по овие квалифакиции треба да се вратат на европскиот континент, па да изиграат дерби натпревари во своите матични клубови, и веднаш по три дена следуваат настапите од европските купови.

Но, јас да се вратам на денешната тема, јужна америка, која е исто така во пауза на куп натпреварите поради квалификациите за светското првенство во 2010 година.

Во конкретниот натпревар кој на некој начин ќе биде и дерби на саботното издание во Јужна Америка, ни на противничката страна не е различна сликата. И Уругвај најмногу надежи полага токму во интернационалците. Чисто како информација, бидејќи сепак и нив за две недели повотрно ќе ги следиме низ нашата тема во Мојот Став, Лигата на шампионите. Значи Уругвај во овој дуел, ќе се потпре на Диего Лугано од Фенербахче, Годин и Егурен од Виљареал, Мартин Касерес новата надеж на Барселона, Бруно Силва и Луис Суарез од Ајакс, Хорхе Фусиле и Кристијан Родригез од Порто, Переира од Бенфика, Висенте Санчез од шалке и Ернесто шевантон од Севиља. Недостасува сигурно најдобриот голгетер Диего Форлан, но како и да е воопшто не е лош составот на фудбалерите, ако не за првиот, барем за вториот натпревар во среда, кој Уругвај треба да го игра против Боливија на екстремно високиот стадион според надморска височина во Ла Паз.

Најголемите кандидати на претходните две репрезентации кои ги споменав се Парагвај и Бразил.

Парагвај првиот натпревар го игра во гости против Колумбија, во Богота, а вториот во Асунсион го дочекува Перу. Додека Бразил во првиот натпревар гостува во Сан Кристобал на Венецуела, в сабота, додека во вториот во среда навечер во Рио де Жанеиро ја пречекува Колумбија. Тешко дека Колумбија ќе може било што да очекува на ова гостување против Бразил, но затоа сите надежи ќе ги има во првиот во Богота против првиот во групата. Можеби веднаш ќе се прашате ЗОШТО? Но, одговорот не е нималку лесен и уште повеќе и доста комплексен. Сите големи репрезентации , а посебно фаворитите играат скоро незамисливо тешко на терените низ Колумбија.

Само како пример, во првиот натпревар Бразил изигра во Богота нерешено, Венецуела загуби со 1:0, Аргентина исто така во Богота загуби со 2:1. Не дека се јаки како состав, туку големите ѕвезди и многу често не сакаат да играат фудбал во оваа земја. Пред две години, имашпе дури и бојкот на многу фудбалери кои не сакаа да патуваат на гостувањата на колубијските тимови во јужноамериканските купови.

Тоа е терен, во кој фудбалот е измешан со политиката, но не онаа од која многупати стратда и Европа, туку политиката на црниот и забранет бизнис.

Сите во Богота, пристигнуваат со страв, играат под притисок, судиите судат во чудни околности и се е завиено под некаква полупроѕирна маска.

Колумбија е и официјално прва земја во светот каде има најголем борј на убиени фудбалери, поради тоа што или некој промашил важен пенал, или некој си дал автогол или некој бил откриен дека учествувал во наместен натпревар. Има и убиени судии кои никогаш не се докажало зошто. Постојат и примери на познати фудбалски репрезентативци од Колумбија кои играле во Европа и кои токму поради тоа се откажале од националниот дрес.

Е тоа е примерот со оваа јужноамериканска држава каде фудбалот се игра под чудни околности, и на кој никој никогаш не може да му се спротивстави. Со ова е запознаена и ФИФА, но никогаш ништо не е драстично преземено. Долгата колумбиска рака достигнува насекаде. Фудбалот е ставен на пиедестал во Колумбија и нормално понекогаш претставува и престиж за вмешаноста на колумбиските картели во него. А бидејќи колумбијскиот народ е врзан со фудбалот слично како и во најголемиот број фанатични фудбалски земји во Јужна Америка, тогаш веќе приказната е јасна. Од тие причини и овој натпревар на Парагвај во Богота нема да биде едноставно пристигнување на фаворитот по нови три бода. Додека она што Бразил ќе го реализира пак со веројатни три нови пода против нив, сигурно ќе биде само потврда на вистинскиот избор на Дунга за овие два натпревари. А фудбалерите на Бразилската репрезентација се сито така едни од најдобрите на планетава, барем според имињата. Жилберто Силва, Адријано, Пато, Хуан и Дани Алвеш, Алекс Силва, Мансини, Тиаго Силва, Маикон, Кака, Лусио, Робињо, Елано...дури и без Луис Фабијано и Диего, и неповиканиот Роналдињо.

Тоа се на некој начин најатрактивните натпревари од јужноамериканските квалификации во следниве неколку дена.

Поради тоа што во нив играат фудбалерите кои ние најчесто ги следиме во Лигата на шампионите, па и во националните европски првенства, се надевам дека и оваа информација во денешното малку поразлично издание на Мојот Став, не е на одмет.

Напротив, би требало барем да ви биде тема за рамислување, ако веќе планирате во некои од вашите прогнози да ги имате и овие натпревари.

Толку во денешното издание на кое тема ни беа јужноамериканските натпревари.

Наредната недела ќе можеме да видиме што од овие мои претпоставки кажани низ овие две изданија на Мојот став, вчера и денес, се остварија. А наредниот вторник, ќе направиме мала ретроспектива и ќе пордолжиме онаму каде застанавме денес.