17.9.08

ТЕКСТ ИЗВАДОЦИ ОД ДЕНЕШНАТА ЕПИЗОДА НА К4СП

Ако би требало да изберам три посебно атрактивни натпревари од оние кои ќе се играат вечерва, еден од нив сигурно ќе биде Манчестер Јунајтед против Виљареал. Фергусон против Пелегрини. За Сер Алекс претпоставувам дека нема да бидат фрустрички минатонеделниот пораз во Премиер, а посебно не оној од Суперкупот, натпревар кој на некој начин го означува и стартот во европските купови. Сигурно е дека поголема главоболка е досегашното отсуство и евентуалното вечерашно врќање на Кристијано Роналдо како и дебито на Бербатов во Лигата, кое се очекува токму сега. Манчестер тргнува во одбрана на титулата. Многу тешко е да се верува дека црвените ѓаволи ќе загубат два натпревари по ред. Но и „жолтата подморница„ е веќе подготвена да исплива на Олд Трафорд. Иако Мануел Пелегрини нема да може да смета и овојпат на Нихат, тимот од Кастејон може да биде голема опасност. Чилеанецот ако се суди според последната игра која ја имаше поставено против Депортиво, вечерва би требало да стартува со Франко како шпиц, а во средната линија со Пирес, Ибагаса и Казорла.

Ако со некого има сличен пристап во одредување и промени на формацијата во текот на натпреварот, токму Пелегрини многу често е сличен во постапките кои најчесто ги презема Сер Алекс. Од тие причини и вечерашниот натпревар ќе биде дополнително атрактивен. Не само како борба на Капдевиља и Годин со Тевез и Руни, туку и онаа на тренерските столчиња. Во секој случај тоа ќе биде тежок натпревар за типување и покрај тоа што се очекува враќање на најдобриот. Еден гол може да одлучи, кој и да е така ќе се очекува да биде во мрежата на гостите.

Вториот натпревар од оваа група, на некој начин е дуел меѓу оние кои според моменталната форма а и очекувањата се кандидати за третата и четвртата позиција во Е групата. Гордон Страхан не би требало да има проблем во првото претставување оваа сезона во Лигата, токму на свој терен и токму против данскиот шампион кој на некој начин е и аутсајдер во овој натпревар. Без оглед што можеби ова ќе биде еден и од најмалку атрактивните натпревари вечерва, дури и европските обложувачници така го третираат. Низок коефициент меѓу 1.35 и 1.4.

Стеауа во Букурешт ќе го пречека повратникот во Лигата на Шампионите Баерн од Минхен. Иако Стеауа има веќе искуство во овие натпревари Мојот Став вечерва похрабро ќе влезе во претпоставка на конечниот резултат токму на овој натпревар. Се што би било помалку од победа за баварците, би го сметале како изненадување. Прво Баерн една година како да беше во прогонство во Купот на Уефа, кој на крај не успеа ни да го освои. Сезона во која беше ставен во подредена положба меѓу фудбалските гиганти. Не треба ова да биде сфатено дека Баерн ќе го класифицирам како еден од најголемите фаворитит оваа година за освојување на титулата, но сигурно дека во овој прв натпревар ќе треба да покаже многу. Мора. За себе, за навивачите, да се докаже пред релативно слабиот германски фудбал и на крајот во Европа да покаже кој е кој. Фракн Рибери сеуште не е опоравен, но Клинсман ги има Клосе и Тони. Зад нив Вам Бомел, Швајнштангер, Зе Роберто и Лам. А да не ги прескокнам, бидејки тешко дека и Стеауа вечерва ќе може, Лусио, Демикелис, Ван Бијтен и Одо. Тешко дека романците ќе може да парираат вечерва. А бидејќи реков дека Мојот Став најхрабро размислува токму во однос на овој дуел, тоа повлекува дека ако некаде би можело и да се очекуваат многу голови, тоа би било токму овде, без оглед дали Клинсман сеуште размислува назад да игра само со тројца, „исфрлувајќи го„ Лам во средната линија напред за уште поефективен напад или пак не. Како и да е, верувам дека овде ќе има многу голови.

А во Лион гостува Фиорентина. Жунињо Пернамбукано имаше само една изјава која денес ја пренесуваат сите."Имаме само еден сон, тоа е Лигата на Шампионите" Ова може да биде и одличен вовед во вечерашниот натпревар. На „Жерлан„ вечерва не би требало да се стравува ниту од Муту ниту од Џилардино. Барем такво е расположението кај французите. Фиорентина после 9 години се враќа меѓу најдобрите во Европа. Но Прандели и не мисли така со оглед на тоа што иако ги нема Јоргенсен и Гамберини, тоа што викендов ги одмараше Заури, Даинели и перуанецот Варгас, веќе отвара сосем нов аспект. Фиорентина сигурно нема да се брани на „Жерлан„. Ова сигурно дека ќе биде натпревар кој би можел цела оваа група да ја квалификува како најголгетерска, нормално во овие претпоставки. Но едно ќе биде јасно, токму овој натпревар ќе го исфрли на површина евентуалниот конкурент на Баерн Минхен во борбата за првата позиција. Директен дуел, очи в очи, едноставно да се види кој е кој. Со отворена игра ништо нема да биде чудно ако и овде има многу голови.

Групата Г вечерва ќе изигра два натпревари во кои веројатно ќе се позиционираат силите пред се, како запознавање. Ова прво коло во оваа група, без оглед на вечерашните резултати, не само што нема да дефинира никаков фаворите за понатамошниот тек, туку напротив, покажува една голема изедначеност, во играчки кадар, во ентузијазам и желба да се оствари целта: Презимување во Лигата. Динамо во Киев против Арсенал, А Порто го пречекува Фенер. Стадионот кој го носи името на најголемиот украински тренер, Лобановски, вечерва сигурно дека ќе биде претесен за да ги собере сите украинци кои веруваат во победа.

Арсен Венгер воопшто не е толку опуштен пред натпреварот, бидејќи знае многу добро дека токму теренот во Киев е оној на кој Арсенал може да киксне и покрај,, хипотетички да кажеме добра поставеност на „топчиите„ и самиот влез во натпреварот. Плус тоа општо земено Динамо влегува во групата на клубови со кои европските тренерски големи имиња и немаат многу контакти, од анализи до елаборации. Мојот Став сепак ќе застане малку повеќе на страната на добрата координација меѓу Сес, Волкот и Адебајор и нормално успешно спречување на неверојатното чувство за гол кое го има Милевски. Но за тоа сигурно веќе е подготвен Алмуниа, кој би требало, во најмала рака да не ја пропушти шансата да замине без примен гол од Киев.

Нималку послаб ќе биде и натпреварот на „Драгао„. Порто против Фенербахче. Жезуалдо Фереира против човекот кој со шпанскатра репрезентација стигна до европскиот врв, Луис Арагоњес. Порто е скоро комплетен, ако може така да се каже после заминувањето на нивната најголема ѕвезда, но од друга страна пак Фенериум во Порто доаѓа со релативно послаб тим. Лучо Гонзалес, Лисандро и Родригез сигурно уште на старт ќе тргнат по гол. Но од друга страна пак Арагоњес, кој поради повредите со кои се соочува Фенер мора да ја смени формацијата во 4-4-1-1 веќе наведува дека нема безглаво турците да тргнат кон голот на противникот. Моја претпоставка е дека овојпат се ќе се врти околу Гуиза и Емре, шанса да заминат со изненадување од овој натпревар. Кон ова само уште ќе ја додадам и информацијата која утринава ја прочитав дека и Жезуалдо ќе ја промени формацијата со која Порто играше во претходните натпревари. Два дена тренинзите на Порто се базирани на 4-3-3, за веројатно уште веднаш по првиот натпревар да ги покаже своите амбиции и годинава. Порто ќе атакува на победа, а Фенербахче ќе се задоволи и со бод.

И последната група со двата натпревари кои наизглед изгледаат лесни, но ако размислите веднаш може да сфатите дека тоа можеби станува збор само за едниот, Реал против Бате. Додека Јувентус и Зенит, посебно после Супер Купот, и не е баш толку лесен за прогнозирање. Ако Баерн Минхен си страдаше од сопствената глава и паузираше една година, Јувентус после две , кој беа како казна , ете го повторно овде. И тоа веднаш на Зенит, освојувачот на Супер Купот, на стартот од сезонава. Јувентус на сите ни е познат. Раниери не менува скоро ништо. Играта препознатлива. Единствено нешто што ќе биде различно од останатите противници вечерва во Торино, е присуството на Аршавин. Знаејќи дека Јувентус на некој начин сеуште негува најдекадентен фудбал во Европа, а Зенит понуди една нова свежина можно е ова да биде многу извесен натпревар со малку голови. Едноставно тоа е Јувентус, кој не се смени многу под водство на Раниери. Па дури и коефициентот од скоро 1.7 за победа на Јуве и не изгледа така лошо.

За разлика пак од него, другиот натпревар во оваа група е најизвесниот и еден од најнеатрактивните, ако го изземам тоа дека сепак игра Реал од Мадрид. „Мадриљеноси„ сигурно дека вечерва нема да ја прославуваат победата на Сибелес, бидејќи се друго сем висока победа на Бате Борисов, би било еднакво на изненадување. Таков е и коефициентот по европските обложувачници. Одвај стигнува до 1.15 за единица. Шустер веќе ги запишува овие три бода, па не би било лошо и Мојот Став тоа да го направи. Размислувањата како би можеле да бидат различни ако на едната страна ги имате Ван Нистелрој, Раул со лева и десна поддршка од Робен и Ван дер Ваарт, а зад него Гути и Гаго. Во задната линија Серхио Рамос, Канаваро, Хајнце и Марсело, да не речам скоро непробојни. А на голот и да не потсетувам дека и вечерва ќе биде Касиљас. Ова вечерва и навистина може да биде борба меѓу Давид и Голијат, така што претпоставката за многу голови е исто така

Ова беше вториот ден од првиот круг на емисијата Мојот став, во годинешнава сезона. Се надевам дека и вечерните натпревари ќе отворат прашања, ќе дадат уште повеќе одговори и ќе пласираат нови претпоставкли окјолу најатрактивните натпревари во Лигата на шампионите. А како што напоменав и вчера, сите македонски блогови на оваа тема исто така ќе бидат дел од ставовите на радио емисијата Мојот Став.

1 comment:

  1. Anonymous03:07

    File, Juventus-Zenit e najdobriot mec za vecerva, ruska protiv italijanska mafija ima li nesto poubavo :)))

    Bane

    ReplyDelete