1.10.08

ПОМАЛКУ ИЗНЕНАДУВАЊА, ПОВЕЌЕ ГОЛОВИ

Денес стартува вториот дел од натпреварите кои го привлекуваат најголемото светско внимание. Ова накратко ќе биде и единствената наша тема во Мојот Став, во отсуство и на натпреварите од Јужноамериканската Копа Либертадорес. Ќе прошетаме пред денешните можни изненадувања и евентуално резултати кои можат квалитетно да влијаат на вашите претпоставки во заврницата на денешниот фудбалски ден.

Ќе стартувам со натпреварот кој ѓе започне многу порано пред другите. Тоа е веќе стандардна процедура кога станува збор за тимовите кои доаѓаат од Русија, односно за тимовите кои се домаќини на рускиот терен. Таков е случајот и со натпреварот во Санкт Петербург, кој возрасните сигурно го паметат и како Ленинград.

Зенит, најголемото изненадување минатата сезона, а дури и на стартот на оваа, време е да ја реализира и првата победа во лигата на шампионите. Противник Реал Мадрид. Вака наизглед можеби лесно, посебно после првиот натпревар кој Зенит го загуби поради феноменалното враЌање на Дел Пјеро. Еден фантастичен гол и тоа беше крај што ги остави трите бода во Торино. Но токму Зенит, иако загуби покажа една свежина и една мотивираност, која сигурно допрва ќе се чувствува во оваа група. Реал Мадрид вечерва ќе биде под силен притисок. Прво, мора да освои барем бод, затоа што Јувентус многу лесно може да почне да се одлепува и потоа за втората позиција Реал да се бори токму со Зенит. А пак Зенит овој натпревар е можеби и од најголема важност, токму од истите хипотетички причини. Но да не заборавиме дека токму тие руски терени се најтеШките за играње. Прво се ладни, во незгоден тајминг а плус тоа имаат голема тежина. АрШавин, Погребњак, Зиријанов ќе бидат сигурни во првата постава. 4-3-1-2 е она што би требало вечерва да го стартува Зенит, додека Шустер е скоро сигурен со многу поактивна игра во средниот ред кој би требало да разигрува на пократки додавања, амортизиреајќи ги брзите откривања на Зенит, евентуално и во контри. Ван Нистелрој, Робен, Раул и Ван деер Ваарт се најавени. Де ла ред, Диара, пред последната задна линија во која ќе има многу силна одбрана со Хајнце, Пепе, Канаваро, и Серхио Рамос.

Ако се мери по квалитетот, Реал вечерва сиугурно е дека нема да загуби, иако Зенит ја има свежината и ритамот од националното првенство. Но уште еднаш ќе потсетам дека токму овие руски терени се чудно магични скоро секогаш во овој дел од Лигата на шампионите.

А вториот натпревар е на некој начин поизвесен. Бате Борисов против Јувентус, треба да го изигра својот меч на деценијата на сопствен терен. Тоа е дополнителен ентузијазам. Познавајќи ја декадентната игра на Јуве, која иако последните две години е многу поразлична од онаа претходно, сепак Јуве е Јуве. Ако се затвори, тогаш и еден гол Ќе биде доволен за нови три бода, кои се скоро извесни.

Оваа група во вечерните натпревари , не очекувам дека ќе има повеќе од три гола вкупно, на двата натпревари.

Е сега повторно ќе се вратам редоследно на групите кои стартуваат вечерва од 20.30. Алборг и Манчестер Јунајтед за мене е сигурно натпреварот во кој не смее да се очекува ништо помалку од победа на црвените. Данците кои имаат многу позатворена игра од она кое го поставува Сер Алекс, вечерва не би требало да биде проблем ниту за Руни, евентуалнони за Бербатов, а уште помалку за Сколс и Парк. Роналдо конечно има противник кој е помалку статичен во одбранбените редови, како создадено за одлична кородинација меѓу црвениот среден ред и експлозивниот шпиц во нападот.

Тоа што му се случи на Манчестер во првото коло скоро сум сигурен дека нема да се повтори. Во фудбалот, неблагодарно е вака да се прогнозира , па макар колку и да е голема разликата меѓу тимовите, но уште еднаш само да повторам дека оваа емисија Мојот Став, ќе го почитува само тој принцип на работа, секогаш , субјективен, аргументиран став кои вие може да го прифатите или не, но во секој случај став кој треба секогаш да отвара позитивна полемика.

Затоа уште еднаш Ќе повторам, Мојот Став вели дека во Данска, Манчестер треба да ја полни мрежата на Заза.

Истото го очекувам и на вториот натпревар од оваа група. Селтик оваа година како да тргна бос по трње. Кастељон вечерва нема да биде ни начнат а не освоен. Капетанот Пелегрини, својот екипаж ќе го форсира на активна игра со многу голови.Минатото коло токму оваа група немаше ниеден постигнат гол. Денес очекувам дека ќе се случи обратното. 4-2-3-1 на Виљареал, со Љоренте во шпиц, Зад него од лево и оддесно Пирес и Казорла, меЃу нив Роси, а да не заборавиме на исклучително брзиот и експлозивен Капдевиља , кој ја држи целата бековска лева линија.Венегор оф Хеселинк и Скот Мекдоналд, не верувам дека воопшто ќе имаат шанси да допрат во близината на Лопез. Натпревар во кој не би размислувам ни малку подалеку од сигурна победа на жолтата подморница.

Ф групата е исто така уште една интересна приказна. Стеауа од Букурешт, минатата сезона во овие исти натпревари беШе интересен тим со кој сите по малку се мачеа. Нивните натпревари заврШија во фазата по групи. И оваа годин а очигледно тука ќе завршат, но со многу помалаверојатност дека можеби Ќе бидат трети. Тоа беше навестено уште летото кога Клуз го освои шампионатот и после 17 години ја разби букуреШткатат доминација во романскиот фудбал. Таа слика се повторува и сега во Лигата на шампионите, иако во средата се сретнаа токму Клуз и Стеауа и изигра нерешено 1:1. На Артемио Франки нема да се случи она што нивните национални ривали го направија во Рим. Овде се друго што би било со помалку од два до три гола предност за Фиорентина, би било изненадување. Дури и победа од еден гол за Фиорентина, би ме изненадила, со оглед на тоа што после голема евроспка пауза ова Ќе биде за нив прв натпревар пред својата публика. Време е и за претставување на Муту во оној сјај кој го имаше уште по првото пристигнување од Романија, пред осум години Романскиот шпиц кој и приватно и лично никогаш не ја сакал Стеауа, вечерва има можност да ја верификува победата во првиот натпревар од Лигата на шампионите во Фиренца, оваа година.

Баерн Минхен и Олимпик од Лион е како десерт на вечерашните натпревари. Новиот Баерн, новиот Рибери, во поддршка со Клосе и Тони, има голема можност да верификува нов чекор после првите трибода освоен во гости од првото коло. Но она кое не дозволува оптимистички аспект на овој натпревар иако се игра на Алианц Арена, е токму тимот кој доаѓа од Лион. Токму Лион е и првиот француски тим кој ќе игра на Алианц. Од вечерва започнува новата француско - германска историја на стадионот. Има многу причини за одличен натпревар. Пернамбукано се враќа, Бензема е надежта вечерва. Два до три прекини во линија од дваесетинаметри од голот на Баерн може да го сменат почетниот став на Клинсман. Натпревар во кој не само дека ќе уживаме во играта, туку претпоставувам дека ќе понуди и повеќе голови, барем повеЌе од три.

И Г групата со еден од некогаш најчудниот натпревар кој никогаш не се докажа официјално , дали беше наместен или не. Заврши без голови, што би се рекло мирожубиво, и двата тима продолжија понатаму. А тоа беше и за двата единствената солуција, и тоа токму со таков резултат. Вечерва повторно еден против друг, но воопшто растеретени од таа тежина. ќе остане тежината само на шите коментари и на евентуалните претпоставки кога се враЌаме назад на тој дуел.

Арсенал - Порто. Емирејтс вечерва би требало да се радува на победа, бидејќи само пред неколку дена беше момент на најголемото разочарување и изненадување во Премиер Лигата.

Јас одвреме - навреме повторувам дека токму натпреварите пред колата од Лигата на шампионите се најосетливи за типување и многу често изненадувачки.

Тоа и се случи. За разлика од нив, Порто беше убедлив на свој терен.

Е токму тоа ми дава храброст, вечерва да типувам на чиста топџиска победа.

Без исклучок и без размислување. Дури сметам дека Волкот, Адебајорт и Ван Перси ќе бидат клучните фигури, а свое отварање ќе има и Насри, во евентуалниот влез. Жезуалдо Фереира вечерва своите надежи ги пласира со ефективност на Лучо Гонзалес, додека французинот е скоро 100% сигурен дека Арсенал нема да загуби, затоа што не смее и затоа што е под позитивен притисок после минатонеделниот пораз во Премиер.

И последниот натпревар за кој зборувам денес е Фенербахче против Динамо од Киев. Уште една слична ситуација. Фенериум загуби во последното коло од Сива спор, додека Динамо си победи на домашен терен во националното првенство.

Освојувачот на европскиот шампионат Луис Арагоњес може да биде малку порелаксиран, бидејќи се враќа Волкан Демирел. Во игра ќе биде Емре, Алекс, Казим Казим и надежта на Арагоњес, Гуиза. Тоа што не му оди добро во првенството, вечерва треба да се надмине. Но еден податок е можеби и најбитен за претпоставките на овој натпревар. Луис Арагоњес не е тренер, кој кога седнува првпат на клупа, веднаш заредува победи и успеси. Него му треба малку повеќе време и повеќе простор. Споро се загрева и влегува во ритам. Токму од тие причини и притисоко кој се прави низ турските медиуми, само ја зголемува тензијата на овој меч. Сите овде очекуваат победа инаку би започнал еен нов процес кој сигурно дека набргу би прераснал во кампања за смена на Арагоњес. Затоиа внимателно и овде. Мојот Став е со прогноза, дека најбезбедната варијанта за овој меч е многу голови.

1 comment:

  1. Anonymous05:45

    Еве моја прогноза за натпреварите во вторник..

    Зенит - Реал Мадрид 3 +
    -знаеш како велат? Гревота е да го играш Реал, а да не го изиграш 3+

    Алборг - Манчестер 2
    -после киксот на домашен терен, кога доминираа и имаа неколку стативи очекувам сигурна победа овде

    Арсенал - Порто 2-3
    -неискуството на оваа екипа би го заменил со тип на голови од кој најреален ми е 2-3 гола

    БАТЕ - Јуве 2
    -овде мислам дека имаме голема разлика во квалитет на двата тима, а Јуве за сигурен двобој со Реал без притисок овде мора да победи

    Баерн - Лион Х2
    -мислев дека утакмицата со вердер е само една лоша нок, но кај баерн нешто не е како што треба, мое мислење е дека Клинсман не е тренер за оваа екипа

    Фенербахче - Динамо Киев 3+
    -многумина типуваат на домакините, а на гоал.ком во превиев на оваа утакмица викаат им даваме еден бод на домакините само заради домашната публика.. Незнам колку е подобрен Динамо и какво играчи има, но најсигурно ми е 3 +

    Фиорентина - Стеауа 1
    -Фиорентина е премногу силна за гостите од Романија

    Виљареал - Селтик 1
    -истото мислење и за оваа утакмица, Селтик е доста ослабен, Виљареал е премногу силен дома

    ReplyDelete