3.2.09

CONQUEST OF PARADISE . . . 2009

Она што се играше на последниот натпревар е доказ дека Барса е подготвена за продолжението на Лигата на Шампионите.
Тврдиот натпревар, исклучително напнат, со пресврт во најтешките моменти, кога ништо не оди „од нога„, се решава во последен момент. Тимот го има Меси(ја). А тој е еден единствен.
Со два црвени картони на крај (не навлегувам во образложување дали беа или не) Барселона остана дисциплинирана до последниот звук од свирчето на судијата.
Тоа е она што досега многупати знаеше да биде најголем проблем (ова се однесува повеќе на минатогодишните натпревари). Дисциплината, во секој дел од натпреварот, без оглед на моменталниот резултат.
Сантандер е само верификација и на 5000-тиот гол, па дури и старт на новиот месец кој повторно ќе биде рушење на новите светски рекорди. (штотуку ја прогласија Барса како најуспешен тим на планетава во месец јануари). Кон ова само ако ја додадам и бројката на постигнатите голови од само 4-ица фудбалери на клубот, приказната е повеќе од јасна... 2009-та ќе бидеме сведоци на авантурата на најголемите освојувачи, обоени во победничките бои, сино-црвени... дури и патот кон Рим е поплочен со сино-црвена калдрма....