1.6.09

ПСССТ.! . . :-))))))))))

Пред да започнам со пишување, најнапред едно големо извинување до сите вас, мои пријатели со кои разменувам мислења и ставови, а ветив дека на 24 часа пред стартот на финалето ќе го објавам следниот пост.

Не дека треба да барам оправдување, но молам за разбирање, од проста причина што не можев никако да успеам да го спојам времето со возење до Рим, сместување, дружење со луѓе кои за првпат ги запознавам во градот кој сите не понесува во еуфорија, сето тоа залиено со многу пиво, насмевки и позитивна енергија од дружење до нови пријателства... А не сакав воопшто дружењето со вас да трпи со пишување пост по било која цена, напротив, да биде уште поголемо и попријателско во секој нареден пост... Благодарам.


ТРЕТА ТИТУЛА...

Мене одамна ми беше јасно дека ќе се случи тоа. А за тоа не треба многу пак да се распишувам на ферманиве, туку едноставно само да се повикам на неколку постари постови, кои можат да се пронајдат во мојата архива, овде на блогов. А една од работите после проаѓањето преку Челзи, што и на неколкупат објаснував зошто ќе биде полесно против Манчестер отколку што беше против Хидинк.

Сега веќе се е јасно. Сега понатаму не прифаќам никакви коментари од било кој тип, кои не се поврзани со сериозна анализа. Од типот „бољи се„, „ не се бољи„, „ судија педер„ итн...тоа за „у кафана„...

И да не се повторувам по стопати, против Барса може да се игра само затворено , со брза транзиција во контра (евентуално на линија на офсајд). Манчестер иако има статистички најдобра одбрана во Лигата на Шампионите, уште еднаш се покажа дека критичната линија е тоа што Руни, Кристијано, Берба и Парк не се фудбалери кои знаат да играат одбрана. За разлика од нив на пример, Ето`о, Меси, Анри се комплетно спортивни. А и пресингот кои го играат при изгубена топка е комплетно различен од оној кој го игра Манчестер во истиот случај.... За тој дел од анализата нема повеќе да пишувам, бидејќи на неколкупати досега во детали го образложував истото, што всушност и го видовме во Рим (што ми е посебно драго).

Сега малку ќе одморам, ќе и се радувам на победата и ќе ги пресликувам деталите од Финалето во Рим, кое да бидам искрен ме воодушеви до максимум, не само од конечниот исход, не само од еуфоријата која ја доживеав, туку најмногу од фантастичните навивачи на Манчестер Јунајтед кои беа пристигнати од островото, а прикажаа еден феноменален фер однос, едно прекрасно пријателство и расположение, какво никогаш никаде досега не сум доживеал, големина и респект која вечно ќе ја паметам.

Одам да одморам, до следниот пост, кои ќе биде конкретен... со тема: Следната,четврта титула во август!