2.4.13

Како се „перат мозоците" и во фудбалот?

http://kajgana.com/kako-se-perat-mozocite-i-vo-fudbalot

Како се „перат мозоците" и во фудбалот?

Случајот „Нејмар“ во Шпанија е интересен момент како се „обработува“ јавноста преку медиумите, за да може да се реализира проект кој воопшто ниту е поддржан во јавноста, ниту меѓу фудбалските симпатизери, а најмалку пак во поширокото управувачко тело на една институција.
Пишува: Игор „Топки" Филевски
Од тие причини го земам и како тема која најексплицитно објаснува како функционираат и фудбалските клубови кои прават годишен „обрт на пари“ и по неколку милјарди евра. („годишен обрт на пари“, не е исто што и „профит“, за помалку упатените фудбалски читатели)
Секој претседател на клуб си носи проект за реализација. Разликата меѓу ФКБ и Реал Мадрид  досега многупати сме ја објаснувале и расчленувале до најмали детали, така што сега би било и отповеќе да се повторуваме. Едната институција функционира и го бира Претседателот со одобрување на членовите на клубот (СОСИ), а другата ја одобрува Бордот и најтесното раководство го бира Претседателот, според неговите планови и предложени акции. Од тие причини ако клуб како Реал Мадрид одлучи да го донесе Кристијано во тимот, се консултира со најтесното раководство од Бордот, кое всушност и обезбедува пари, се консултира со спортскиот директор и на крај сето тоа го верификуваат заедно со првиот тренер. Додека во клуб кој на некој начин е „акционерско друштво“, мора да се сложат сите во Управата, а воедно и да се убедат СОСИ-те дека тоа е исправна одлука. Затоа што ако „се претера“ и се оди против волјата на членовите, може во секој миг да се повика гласање за „цензус и отповикување на претседателството“ и смена на вонредни избори (бидејќи гласаат сите СОСИ членови) Или во најмала рака да се изгубат следните избори по завршување на мандатот.
Значи тоа е приказната во нејзината техничка функционалност.
Е сега какво е движењето на нашата приказна?
Нејмар.
Сегашниот претседател, преку својата компанија која го има и најголемото застапништво на силен спортски бренд за Јужна Америка (со кој е поврзан и фудбалерот), воспоставува комуникација со Нејмар и го привлекува во ФКБ. Во него го гледа екстра профитот од менаџирањето со него и затоа се дрзнува „да го има покрај себе“ и да ја „надгледува“ неговата патека. Потпишува интерен, „граѓански договор“ со кој му се исплатуваат неколку милиони на Нејмар по основа на „трошоци за развој и унапредување“ (ова е само слободен превод на ставката која е „неодредена“ и се однесува на „тековни трошоци“). Оваа „граѓанска“ исплата никако не може да влијае технички ако Нејмар потпише договор со било кој друг клуб во 2014 или пред тоа. Тоа е затворен интерен круг на земање и враќање на парите во понатамошниот тек од „дружбата“. Профитот е преголем не само за фудбалерот туку и за неговиот „менаџер на договорање на зделката“ во случајов претставникот кој на некој начин учествува  како „трета страна“ меѓу ФКБ и фудбалерот, а индиректно е Росељ на чело на суштината.
И тука започнуваат вплетканите работи, со кои сега треба да се убеди јавноста (СОСИ-те) дека тоа е одлична зделка.
Започнуваат со мас објави низ „нивните“ медиуми. Секој ден, ама буквално не постои ден да нема барем едно антр-филе во „СПОРТ“ или „ЕЛ МУНДО“ каде што тема ќе е Нејмар. „Колку е тој добар, колку е тој важен во овој момент за клубот, колку тој сака да игра во ФКБ, колку го почитува Меси, се интервјуира татко му, роднини, братучеди и т.н. Во исто време се форсираат гости по телевизиите во „платена ПР кампања“ на истата тема. Се форсираат и „кешираат“ новинари кои ја одработуваат приказната во име на Росељ. Но, за да биде сето тоа вистина и за да поверуваат широките СОСИ маси, ќе забележите (но, само во каталонските медиуми) дека одеднаш и Реал Мадрид нуди огромни суми за Нејмар. Па имате потоа пак „враќање назад на топката“ во стил „колку и да сака Реал, ние сме поблиску до него“ итн, итн. А во Мадрид, ниту имале намера, ниту пак е ставен на листа за купување. Потоа следуваат ставови дека „Нејмар не размислува за Мадрид, сака да игра во Барселона“, ниоткаде повикан за таква изјава.
И сето тоа се форсира секојдневно, додека „не се исперат мозоците“ на „членовите“ кои треба да ја одобрат одлуката.  А воедно и да не се загрози новиот мандат токму во годината кога Нејмар ќе треба да „потпише договор“.
Така се „перат мозоците“ и овде и секаде во светот.
(А ако пресметате, забележите и анализирате, ќе видите дека на пример фудбалер како него е најмалку потребен во концептот на играта на клубот. Има далеку поквалитетни, поефтини и по потребни имиња кои ги имаме во Европа, а кои можат комотно да се вклопат во веќе сложената тактичка приказна)
Сега прашање е колку медиумите ќе го одработат сето она кое е наложено од еден човек и неговата компанија која на крајот треба да го има и завршниот годишен екстра профит од сето тоа, а во исто време сите да мислат дека тоа е најдоброто за клубот и дека благодарение на СОСИ-одлуката е завршен договорот позитивно за клубот.
Ви текнува на филмот „Инсепшн“ со Леонардо ди Каприо.
Тое е истиот муабет, само во друг аспект... и на многу пониско ниво :-)

1.4.13

Не важат секаде правилата „секое чудо, за три дена“ според кое функционира Балканот!

Додека во Македонија „секое чудо за три дена“ па така се заборави и „манипулацијата со гласот на Горан Пандев во ФИФА“, МАРКА во денешниот број ја отвара повторно темата „каде е грешката и го бара виновникот“. (а и останатите спортски медиуми денес ја цитираат Марка) Ја пренесуваат и изјавата на портпаролот кој сака да ја затвори приказната, но тоа очигледно дека може само во Македонија да ја затвори. МАРКА продолжува во уште еден чекор понатаму, што е нормален во ваква манипулација. КОЈ Е ТОЈ ШТО ЈА НАПРАВИЛ ТЕХНИЧКАТА ГРЕШКА? КОНКРЕТНО? Што подразбира Име, Презиме итн... Многу нормално, бидејќи станува збор не само „за техничка грешка“ туку за многу поголемо кривично дело, бидејќи сепак некој во Институцијата ја направил „таа грешка“ и стои потпис од Горан. СТОИ ПОТПИС ОД ГОРАН ПАНДЕВ. Тоа е она што и останатите медиуми (кои не можат да „се заќутат“ со влезница, акредитација или подароче со ручече) го бараат како одговор. А и самиот Горан изјави и за шпанските медиуми дека тоа не е негова потпишана листа и тој воопшто не се потпишал на листа во која гласовите ги дава за Дел Боске. Очигледно дека „балканската Федерација“ (како што во еден пасус и не нарекуваат, алудирајќи на тоа дека на Балканот на друг начин функционираат и институциите и новинарството, „знаеме како“) може да функционира со таков пристап само на Балканот. Останатите новинари, поставуваат прашања и бараат конкретни одговори. Така дури одат до таму што и предложуваат на ФИФА од селдната година да го промени системот на гласањер за да не се случуваат вакви манипулации од такви институции, како нашата. Жално.... Но тоа е, веќе во Македонија се` се заборави.