7.8.16

Зошто Олимпијадата е најлажната претстава за добро, праведно и чесно?

"Побрзо, повисоко, посилно" е мотото на Олимписките Игри кое баронот Пјер де Кубертен го засили со реченицата дека " Не е важно да се победи, туку да се учествува".

Лага од првото до последното зборче во реченицата.

Ако Игрите треба да го имаат тој принцип, отсликан и во петте круга симболизирајќи ги подеднакво континентите, на бела основа симболизирајќи мир и во светот, а мир и меѓу нив, треба да има радикални промени во сите нивоа.

Прво и основно, зошто секоја земја учествува со стотици претставници, а некои за жалење едвај со 4-ца? Па ако е важно да се учествува и да биде фер пред се' сите ќе имаат по 1 претставник во дисциплина. Да. Само по еден. И САД еден и Македонија и Лесото еден. Па најдобриот меѓу нив нека ги однесе Олимписките ловорики. А вака веќе во старт не е фер. Секоја земја нека си одлучи кој ќе и биде претставник.
А има Комитетот пари за да обезбеди учеатво за секој по еден.
А на светско, европско, панамерикански и какви и да се други игри, нека учествуваат кој со колку сака.

Само така ќе е фер, чесен, искрен и добар Олимпизмот.

А не вака тотална лага и форсирање на истатата во корист на богатите земји и на оние што имаат и можат. Тоа не е Олимпизам. Тоа е ф.кинг маркетинг за профит, повторно на грбот на сиромашните.

Нема да одам на полето се'што Бразил уништи, расели и најфашистички отстрани од териториите каде некој замисли дека таму требало да има олимписки објект.

Има уште многу критики и докази за Олимписките игри со кои се докажува она од насловот, но тоа вие сами продолжете понатаму... само сакав да ви акцентирам да не се залажувате. А дека ќе ги гледаме како уште една забава, да. Но, не да подлегнуваме на некаков си Олимпизам или движење со кое треба да се гордееме. Само уште еден спортско-политички натпревар.

No comments:

Post a Comment